Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Огнена офка но многу поздржано одошто кога тргнавме.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
По половина час тој го водеше коњот за улар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По себе водеше коњ, а в раце држеше нешто завиткано како дете.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се качуваме кон Сина Скала. Јас го водам коњот за уздата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го виделе Јосиф и Васил. По себе водел коњ, а в раце носел нешто завиткано како дете.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)