Откако беа се тргнале жандармите, Салил се отпрета и „воскресна од гробот" како Лазар на Лазарева сабота во Витанија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаме и примери. Буда успеал да доживее нирвана на душата, а Исус воскреснал од мртвите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Небаре се простувале од ненадоместливи пријатели, од луѓе што последни ја чувствувале нивната непроверена сила, тревите омајно замирисале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)