Притоа, можеби се губи од богатството на форми, но секако се здобива со квалитет: се воспоставува форма на сатирички роман и на сатиричка кратка проза, заедно со онаа, што англо-американската критичка и теоретска мисла ја нарекува шорт стори, а што не е баш прикладно име за тој облик на творештво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во исто време, сатирата ги пречекорува своите граници и навлегува во сферата на фантастиката, на гротеската, на благата иронија. Но и во сферата на лирското - Гогољ и Булгаков.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)