враќа (гл.) - спомен (имн.)

И секоја пролет, кога ќе расцутат првите јорговани чија модрина се истура и во Мајкините градини од нашите одамна напуштени куќи, над кои пловат облаците на семејството, меѓу небото и земјата, небаре исто како во сликите на Шагал, во мене се враќа споменот за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми се прелистуваше каталогот Ла Ринашенте во душата, од раното детство до овие мигови, живо ми ги враќаше спомените за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И, еве денес ти ми го враќаш споменот на патувањето. – Знам, многу ти значеше тоа патување! – продолжи Татко. – Колку целиот живот на Балканот, ми значеше патувањето во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)