Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Напати, без зборови и со внимателни чекори тие ќе се прикрадеа покрај куќарката и низ прозорчето на приемната внимателно следеа како му врви работата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како што врват работите, некому му годи да биде токму ваква.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Почнал да си купуват: нивје, други стоки што му требало нему, ѕевгари волови сето това, дури и децата негови му биле способни, тие вредни биле, само дури биле сиромаси - не можеле ништо, ама сега и тие почнаа да работат, убаво да му врви работата напред.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)