Беше клоцан и камшикуван и навредуван, врескаше од болка, се тркалаше по подот во сопствената крв и повраќаници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше сам и беше слаб, му идеше да вреска од тоа, застанат, како исфрлен на снегот; за него не сакаше да поведе сметка ни оној стар мршар, што почна полека да се довлечкува кон крвавата паласка под неговата стреа, како воопшто да не постоеше никој како него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)