Чекаме и на нив, како на овошките, да врзат плодовите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Жед во нивните суви муцки, пожар во нивните мокри утроби, Земјо голема црна жед на гранките врзува плод.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)