Се вкочани, почна да ги врти очите, му е страв да се сврти назад.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ќе ги вртат очите жените и ќе ги отвораат устите, како клунчиња од пилиња што зинуваат за јадење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но сега го остави на мира: едноставно само ќе мине крај него и ги врти очите на друга страна.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Куклата ѓаволски ги врти очите и одговара со придушен глас: - Може.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Му вртеше окото ваму-таму по маказарските невести. Човечка слабост. Го избркаа нашите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Секако на овој човек му се слоши - вџашено ги врти очите и бледилото на неговото лице се крши во гримасите на преплашено изненадување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вака и Ѕвездан ги вртеше очите, велам, и вака и тој молеше со очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Интересно им стана: малу-малу и ѕирнуваа кон нас: вртеа со шиите, преминуваа со раката по носот, го грицкаа моливот и одвреме-навреме ги вртеа очите кон нас.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)