вртка (гл.) - околу (прил.)

Петра се врткаше околу големата зграда, дури натаму, зад неа, низ бавчите, го шеташе мирисот на своето тело, го распостилаше секаде зад себе, како да си обележува територија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ЏЕРОНИМО
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се оддалечивме од галантеријата, се врткавме околу играчките со надеж дека таму ќе мавнеме некоја џамлија - ама и таму ништо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ајде, уште едно качување!“ извикав за да ја прекратам мачната ситуација. И се качувавме... качувавме... качувавме... до четвртиот кат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја чекам да се соблече, да руча, па да се одмори, како секој ден, но таа само се соблече и продолжи да се вртка околу мене. Сигурно ѝ е тешко, си мислам, да ми каже дека добила единица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но за ова бездруго нешто ќе ми кажеш: вие неколку деца, почесто се врткавте околу авионот. Точно ли е тоа?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Значи, да не должиме. Зборувај: кого од селово си забележал да се вртка околу него?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)