И се буди библиотекарот Филип Филиповски тешко, мачно, сосем излекуван од тешките депресии поради поплавата во Библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Гаснат убавите очи на светецот загледани во најубавото, разбеснето небо, гаснат очите додека првите секавици го шаркаат намуртеното, разбранувано езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
5. Три месеци отец Ангелариј потајум ја оставаше навечер портата од манастирот отворена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)