Во твоите празни очи го гледам сето кое било: од нас пропуштена приказна за двајца со верба.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Добро се гледа сето ова и од Париз.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но после, слутејќи го злото крцкање на своето грло, уверен дека некој, од негде, од некој прозорец на Нојовиот ковчег, го гледа сето тоа, се стемни. „Иди, девојко.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Се гледа сето она што го знаеш, што си го прочитала и научила низ годиниве, но каде се чувствата, каде е она што нè прави хумани, како автори и како луѓе?“, продолжи тој со љубезен, но крајно неподмитлив тон.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Арсо го гледа сето тоа одразено во огледалото, богато и сјајно од белината на нежното тело.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Благодарете му на бога дека вашето малечко не го гледа сето ова.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
ЈАКОВ: Во секој ваш збор, во секое ваше движење, како во кристална топка, се гледа сето ваше минато, сегашност и иднина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој човекоморен виор, сеедно кој од каков сој е, од каква вера и какво потекло, им го пиел мозокот на луѓето и им ги јадел срцата, и никаков господ не можел да создаде поредок во кој ќе се живее и ќе се умира како што му доликува на најумното и најулавото суштество на светот што секогаш се движело по границата на доброто и на злото, ту со ум на една страна ту со срце на друга.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа вечер П го измачуваше несоница. За да му стежнат клепките си го гледаше сиот свој изминат живот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Еда, како да се напијам, велам јас, гледај сето е жарје и пепел, да му бам мајката, еда, јас немам цедилка на устава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Всушност, едната клепка ѝ беше сѐ уште подотворена и од белката ѝ излегуваше една студена светлинка во која се гледаше сиот грешен свет со кој беше се сретнала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)