гледа (гл.) - ја (зам.)

Чаршијата ѝ се подбиваше отпрвин, гледајќи ја прослукана, црна и подведена, со прост недоделкан бастун во раката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Светликавата птица ѝ го одзеде здивот поради блискоста, и таа истиот миг како маѓепсана стоеше таму, гледајќи ја птицата, што беше мала колку молец, како лета кон цвеќињата со клун што е танок колку игла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На одење ќе застанеше на улица, ќе се свртеше, Му затреперуваше срцето гледајќи ја неа како им се радува На омајничето, на ѕвездените, на огнот на лилиите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Видувајќи го човеков на сон како жив пред себе, та гледајќи ја потребата негова по верба, сеќавајќи ја духовната глад негова по спасението што на душите човечки им го носи Радосната Вест, дека Он воскресна та нѐ избави од злото, се упативме кај вас, браќа мои, во вашата Македонија“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гледајќи ја дршката во своите раце, остаток на сила и нејасна омраза, споулавеникот седнал на камен и го потпрел челото на поткренатите коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вилата, секако пресува и преистанчена, пукнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покојниот судија на Миргород секогаш уживаше, гледајќи ја куќата на Иван Иванович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Боже! - помисли Никодин гледајќи ја Рада на вратата. Во миг ја виде Јана од нејзината младост. - Иста!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
’Ршум ми прави. Ми ја разорува околијата. Гледам ја скратило косата и влегло во панталони.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Марија, гледајќи ја грижата на Богдан кон нејзината миленичка, често му даваше по некоја пара или подарок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледајќи ја Мајка како го зема во прегратка и другото мало дете, тој тивко изусти: Јас не знаев дека ти го имаш вистинскиот клуч!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со текот на времето куќата крај реката близу Дрвеното, односно Еврејското мовче крај десниот брег на реката ни стануваше цел свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледајќи ја таа слика, дури и ние глувчињата ги поткревавме опавчињата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Отец Симеон, гледајќи ја неверојатната сличност на нивните ’рскавични носови, поверува: кога би биле тројца, едниот би се свршил, другиот би бил вљубен во свршеницата, третиот би спиел со неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа, висок и ишчешлан, гледајќи ја Јана мирно в очи, соопштува - тој беше луд; сега седи зад решетки и гризе малтер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По неколку минути во дворот влезе Васе со писменце во раката, гледајќи ја Томаица молкум.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Винстон скокна на нозе. Шокот што го гледа ја потисна сета негова претпазливост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цел ден, човеку“, свика Марин полетно, гледајќи ја зашеметеноста на Сандри, додека овој стресено ја разотвораше книгата, небаре плашејќи се да не испадне нешто од неа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се плеткаше и околу Маркота на дуќан, но сепак најмногу околу Калија, гледајќи ја со некаква чудна тага нејзината убавина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Контролорите, гледајќи ја забрзаната жена со мало дете во прегратката, помислија дека таа доцни на авионот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Немаше работа која Трајко ја работеше да не го спомене Анѓелета, гледајќи ја Анѓа како расте и напредува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коуку адно маж ва момата! си помислува Роса гледајќи ја Чана без очи без уста без лице туку само со рабовите на снагата што ги црта светлината од зад неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— Види го, види го, Нешко, ној шебек поповиот, шо попче се направил — ја задена мајка ѝ, гледајќи ја така увилена покрај себе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, ка не а мрзе, песјачката една, секој ден да се чешла! — се чудеа жените по чешмата и реката, гледајќи ја често да се чешла.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сега, гледајќи ја каде што врви целата во црно, Бонети помислува дека отец Иларион сигурно пати што приликата што ја имаше ја испушти, зашто таа сега е друга: и крај него минува со молчење и со поглед в земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во неа, како во шолја, стоеше голема дождовна капка. Гледајќи ја девојчето заплака. 31
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа седеше на платнениот стол, лижеше сладолед и читаше книга. Постоја така гледајќи ја.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Луѓето, гледајќи ја, шепотеа: „Навистина жената била како босиљок - што повеќе ја триеш, повеќе мириса...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Влатко почувствува радост гледајќи ја мама Злата така задоволна и продуховена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- И сега, гледајќи ја Циљка, се потсети на едно такво свое стоење скраја од патот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш страчката, гледајќи ја мачката во ваква беспомошна положба како се ниша под гранката ѝ се приближи на сигурен чист дофат на немоќната мачка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гледајќи ја како умира, Полжавот рече: - Кутрата риба!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)