Овде цигарите коштаат пет пути поефтино, смрдат поише од ЕмТе и се продаваат по 500 комада у најлон ќеса. TиВи скеџуле Не можам да ги заборавам "политичките аналитичари" што палеа телевизор одма после работа и гледаа вести све до фајронт.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ми требаа неколку минути офкање и стенкање за да се разбудам обвиткан во ужасна смрдеа, како што претпоставив, од сопствените гасови, и со уште позагрижувачки болки во стомакот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Впрочем, ги имаше постојано, откако почна да гледа вести, и тој некако се навикна на нивната апсурдност, па повеќе не ни обрнуваше внимание кога ќе слушнеше за нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И ноќеска ќе стоиме потпрени на прозорецот, резимирајќи го поминатиот ден: Станавме се измивме јадевме ѓеврек штракавме по тастатура некој ни се јави правевме ручек прошетавме на сонце гледавме вести читавме остана уште камионот, за сѐ да се заокружи.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Кристина рече „пис!“ уште неколкупати, ја затвори вратата и сета зацрвенета од возбуда седна до татко ѝ и таа да ги гледа вестите, како да е возрасна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)