Кога Којо Пипиле ќе го извади кучето од куќичката што му ја направи со сите удопства и ќе го пушти во дворот да се истрчува, Богдан ако седи во градината, ја напушта и се затвора дома да не го гледа кучето и да не му го слуша лаењето и квичењето, зашто му оди на нерви: го потсетува на Пансионот, на Хера, на Марија и нејзината пудлица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Пак ни свети. За да ги гледаме кучињата со подзинати вилици, со истечени очи меѓу згурата коски.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во мислите Никодин пред себе гледаше куче пуштено од синџир, но ракијата веќе му го беше заматила умот, така што после петтата сѐ му беше полно и рамно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Изутрината кога стана Пипиле, ќе излудеше: го гледа кучето каде што збивта со пена во устата, испуштајќи ја душата со болка потешка од човечка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)