Држејќи се за раце, невидливи меѓу збиените тела, тие гледаа право напред и наместо очите на девојката, од гнездото од брада во Винстон тажно гледаа очите на остарениот заробеник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кого сега да отпушти? Кому да му каже: „земи си ја торбата, и оди каде ти гледаат очи...“ На ниеден не се запре.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој ја моли, да го прегрне таа барем она што ѝ го допираат рацете и гледаат очите. Барем тоа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Без ни најмала надеж дека ќе најде работа, тој очајно повтори, сега повеќе за себеси: - Утре си одам, си одам - каде ќе гледаат очи!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се сети и на нивните зборовите: „Е, бате, Стојмене! Имаме земја колку ти гледаат очи, салаш со азган коњи, но што ни вреди кога челадта не одминува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Играта во креветот ја започнаа така што двете жени можеа да се гледаат очи в очи и, тивко кикотејќи се и намигнувајќи си една на друга, се подбиваа со Андон.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тогај се открива волшебното, митскиот карактер кои го гледаат очите на фантазијата...“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Студената плоча чувствуваше како му ги лади вжештените усни кои трепереа од возбуда и радост, ја бацуваше неговата икона и ја гледаше како првпат да ја гледа, ги гледаше очите на светецот кои светкаа задоволно, радосно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Благодарение на американизираното преименување на митските имиња + незнаењето на преведувачот, во епизодата за подземниот свет, Кербер се викаше Субрес, Деметра – Демида, Кентаврот – Сентор, а Персефона – Постстефани!!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Разгледајте ја банкнотата од еден долар. Од врвот, одлепен од останатиот дел на пирамидата со ореол (антиракетен штит?), будно нѐ гледа окото на Големиот глобализатор.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кај што им гледа окото, што се вели, таму им оди и куршумот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И не можам да се тргнам од пред огледало. Се гледаме очи в очи со грозата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не им се гледаат очите, не им се познаваат носот и устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
(Се гледаат очи в очи.) ЈАКОВ: Што сакаш да ми кажеш? КРИСТИНА: Јас сум нормална!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мајка ми да ме жале и дури ѝ гледат очите, либето да не ме жали, оти ми беше неверно.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Гледате очите на сите деца полни се со некој темен, страшен оган.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас знаев дека борбата на Добрата Душичка против бесмислата со помош на најбесмисленото нешто – разговорот со празното - значеше да ѝ се даде смисла на бесмислата; светот отсекогаш бил полн со луѓе кои се гледаат очи в очи и водат празни разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ја среќавав Клара, чувствував дека животот може да има смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако си го гледаш окото не си ја гледаш брадата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)