Исто така, очигледно е дека за да се разбере Ботеро потребно е да се познаваат и да се чувствуваат таквите вредносни категории на културата на Ренесансата, какви што се: меланхолијата, “сатурнизмот”, неоплатонизмот; треба да се гледа светот на луѓето во заемните врски и во заемната меѓусебна проникнатост .
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Зороастер го гледаше светот како последица на вечниот судир на вечното добро и вечното зло!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сакам да го гледам светот од точката од која и Бог не гледа нас - тебе, мене, нашата верба, да зачекорам по чудото што станува вечно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој, како што пишува и самиот и, како што многупати ми пишуваше и мене, сакаше да се гледа во друга, поинаква позиција, да го гледа светот од точката од која и бог нѐ гледа нас, како што велеше, или пак, што би било најточно, него да го гледаат како мал бог.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но не, јас сѐ уште ја сакав Луција; во мене имаше повреденост, гнев, некаква нејасна лутина што ми пречеше веќе да го гледам светот онаков каков што тој нависитна е.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Се разбира, се разбира, - одговараше насмевот меѓу румените јаболчиња – Го гледам светот, а и тој нека ме види, да знае дека јас сум единствената на која и припаѓаш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На Брасе (Brassai), 1940. година, му кажа прилично непосредно: „Секогаш застанувам кога ќе видам дете како црта на улица или на тротоар или на ѕид.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сепак, го фасцинираше креативниот процес кај децата и начинот на кој тие го гледаат светот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој мора овие ставови да ги надмине, тогаш правилно ќе го гледа светот.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Оние што размислуваат, поинаку го гледаат светот од оние што не размислуваат“.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)