Со извишувањето на сиџилската тврдина, од нејзиниот врв можеше да се гледа далеку, во отоманското време, но и во иднината...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Зборот има големи очи, помисли, тој гледа далеку зад себеси...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Му пречеше поради нешто сенката што ја фрлаа запалените свешти и се определи одново за светлината на зборовите и забележа на нивната светлина - неговата сенка веќе исчезнуваше...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Поетот со зборови ги објаснува зборовите “со големи очи кои гледаат далеку зад себеси“, моливот што ги испишува (“тој човек во човека“) и неможноста да се допрат, зашто “тие се излез / од темниот заборав на материјата / и душа - на душата“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
ПОЦКО: Ама да знаеме кого чекаме, а не како гуски во магла, така мајко?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Кој стои високо, тој гледа далеку.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЖЕНАТА ГЛЕДА длабоко, а пак мажот гледа далеку... ДЛАБОЧИНА - бунар... ДАЛЕЧИНА - море... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот
пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на 'ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дедо Геро, кога ќе немаше некоја работа, заедно со Јонета и со Гелета, ќе се искачеше на ледината над Петров Камен од каде што се гледаше далеку, далеку наоколу и ќе уживаа во убавините на Преспа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Наутро, по ваквите ноќни разговори, тој зборува тихо а гледа далеку. По неговото чело шетаат сенки.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го гледаше Татка, замислен, како од прозорецот на возот гледа далеку во хоризонтот и настојуваше да ја дофати неговата мисла.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)