Ете, ја знаеше и од порано, а сега само го привлекуваше виденото, како да успеал најпосле сликата да ја стави во достојна рамка, за да ја гледа одблизу.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На Крстета му се расипа планот. Сакаше нејќеше, остана зимото дома да ја гледа одблизу Анѓа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Раби Елеазар бен Цви ги гледа одблизу актерите на неговата палеоисториска јудаичка визија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)