говори (гл.) - старец (имн.)

Не можеш да разликуваш што е небо, што планина – говореше старецот, понесен од тајните на далечините. –Дебелиот снег и густите бели облаци може да ги победи само топлиот ветар на љубовта со својата волшебна моќ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Види го ти, мајчиниот! Пие, и буцка женички без тапија, а одозгора уште и шпион“, говореа старците и плукаа во штотуку запалените огништа - застудуваше, горештината поразено го подвитка сончевото опашиште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)