А тоа станало вака, кажуваа Ристе Јанчески Газилајна и Тодор Велјаноски: кога си отишле од кај нив, од кај Јанчевци, главите на сојовите кои биле на закопот на стрика Анѓела нивни, тие, Јанчевци, за д не горат оган во сите одаи, се прибрале во гостинската, таа веќе била затоплена, а во сите други одаи, според верувањето дека душата на покојникот и по смртта, до четириесеттиот ден, шета низ куќата, оставиле да горат вивки и свеќи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)