Или ќе треба да измислат перверзни односи кон таквите облици или ќе треба да најдат во таквите облици можности или пригоди или дозволи за одредени нестандардни начини на чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вил и Грејс и понатаму си е ситуациска комедија; La Cage aux Folles и Кирија и понатаму си се бродвејски мјузикли; Сѐ за мајка ми и Лошо образование и понатаму си се мелодрами – и, било како било, тешко дека некоја од нив ќе биде дел од образованието во раното детство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па тие деца што ќе се здобијат со нестандарден или со дисидентски родов или сексуален идентитет нужно си го градат тој идентитет во однос на главнотековните културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Книгите, пак, за настраните семејства кои се посебно осмислени за деца од основноучилишна возраст, како што се Хедер има две мами, Џени живее со Ерик и со Мартин или Со Танго сме си тројца, иако можат и тоа како да придонесат кон дестигматизирањето на хомосексуалноста и кон поголема општествена толеранција, сепак баш и не го уриваат хетеронормативниот монопол врз формите на изразување што ги има во главните популарни жанрови.
Во секој случај, главнотековните културни облици ги даваат единствените жанрови што ги знаат повеќето деца.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)