Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со големите волчи заби гризеше камен за да не му се замрзнат разглобените вилици.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
6 Круг. А биле, иштеле ... Сите жени од Кукулино, некои веќе вдовици, запискале на глас со кренати раце кон небото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)