Ги затвораме очите. Но, повеќе не можеме ни да заспиеме, лежиме во креветот будни и покрај неброените обиди да потонеме во сон зошто чувството на вина ни го гризе сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во улицата Ренгенска број 92 – а Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Со приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Со приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од длабоко Дишење.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)