И кога грешиш, и кога не ќе ти оди како што сакаш, не губи волја, не обесхрабрувај се...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ме обзеде луто чувство на љубомора поради кое одеднаш губам волја за младата убавица со која голи лежиме во сексуална споеност. Чудно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Навистина, веќе од вториот том на речникот нашиот бравар започна да ја губи волјата, некако се опушти и стана расеан.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Знаеш, се губи волјата за разговор кога се води разговорот помеѓу глуви.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Извонредно е, што тој стигна до петтата книга (Банак - Бергер).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)