„Може уште долго да потрае“, рече О'Брајан. „Ти си тежок случај. Но не губи надеж.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Времето толку се растегнуваше што почнуваше да губи надеж дека ке дочека одговор.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но, никаков одговор немаше од Рада. Почна да губи надеж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, ниту Снеже ниту Саво не ја губеа надежта. Знаеја дека еден ден и во нивниот дом ќе се чуе детскиот плач и смеа и дека ќе бидат добри родители.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа излегува и од вратата повторно погледнува кон Богдана и со раката му дава некаков гест да не клонува со духот, да не губи надеж.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не сакаше никој да мисли дека не е во право, да губи надеж.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
СИМКА: (Го прегрнува). Скоро, сине, скоро...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЗАФИР: Ќе те види, побратиме... Не губи надеж... (Го покрива Костадина).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Доаѓаше и третиот распуст, третото мачно лето, кога Луција не ја гледав и по два месеца, оти одеше на село, кај баба ѝ и дедо ѝ, а јас сѐ повеќе губев надеж дека некогаш, кога и да е, ќе успеам да ѝ се доближам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко ми во еден разговор беше го запрашал Чанга: „Има ли пекол?” „Има!” „Кога?” „Кога се губи надежта!”, одговори тогаш Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)