губи (гл.) - свој (прид.)

Светлината незабележително како да ја губи својата сила. Мислам воопшто.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајкл Рифатер во една скорешна статија ги сумира апориите што стојат пред овие алтернативи кога забележува: „Доколку ја прифатите неодреденоста, текстот останува енигма; доколку ги отфрлите проблемите, текстот ја губи својата посебност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бане беше вцрвен и намрштен: Јас молчев и чувствував некаква кривица дека можеби заради мене, за кого се заложи, тој ги губи своите нови чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Според една верзија на митот, дури, Прометеј донекаде го губи својот посебен идентитет, стопувајќи се со карпата на која е закован. 56 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Извадено од зоната на свеста на видот што го создал тоа дело уметничкото дело го губи својот контекст и станува суперезотеричен систем затворен во себе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во такви моменти мажите ги губат своите котви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А во прашните и маларични делници, тие понекогаш престануваа да бидат луѓе, ја губеа својата душевност и бараа заборав во туѓите мали несреќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така многу бргу секоја активност на човекот му станува здодевна и тој се откажува лесно, го губи својот ентузијазам.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Некој навистина виси,“ реков. Утрото го симнаа Макс од една борова гранка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа мракот почна да ја губи својата густина, се разредуваше добивајќи бледо руменило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беа добродушни и мирни, како две големи животинки (бригадирот Језекил: како две бачилски подрастени кутриња, ах да), а беа послушни и питоми и сѐ ги губеше своите вистински размери, кога ќе го дофатеа тие, сѐ стануваше некакво кревко и совитливо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Она што постои го спречува да дојде она другото без кое животот ја губи својата смисла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Острината на чувствата и мислите сѐ повеќе ги губат своите граници, ги затапуваат своите рабови, потонуваат едно во друго во една неодреденост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некако ден или два пред да заминам, седам во самракот во бавчата, а од дворот каде што живее Надењка бавчата е разделена со висока ограда со железни шилци...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашиот снежен рид потемнува, го губи својот блесок и најпосле снегот се топи. Престануваме да се лизгаме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако Duchamp драмата не ја видел бидејќи таа за прв пат е прикажана на Монмартр во јуни 1917, за време на неговиот престој во Њујорк, интересно е да се забележи дека некои ситуации од таа драма наоѓаат паралели во Duchamp-овите дела од тие години.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во првата сцена од првиот чин - драмата ја обработува приказната за замената на сексуалниот идентитет на еден млад пар (Therese-Tiresias и нејзиниот маж) - Therese ги губи своите женски атрибути и ѝ растат брада и мустаќи - како кај Duchamp-овиот L. H. O. O. Q. (1919).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сциентистичките поими на расата или културата ја губат својата оперативна вредност, а нацијата на Ренан веќе не му се јавува во форма на еден ентитет туку во форма на она што Хусерл, нешто подоцна, ќе го нарече “интерсубјективна заедница”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така најмногу страдаат мажите од оваа група, а со тоа ја губат својата општествена потенција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Велеше: „Не ветувај ништо пребрзо, зашто пребрзото ветување, го губи своето значење и тежина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Европа е сѐ поблиску до една состојба без државност кадешто државните механизми го губат својот врзивен карактер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ако го ставиш во компјутер, ја губи својата мистериозност, станува блед и деформиран.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Традиционалните позиции на уметничките активности се чини дека ја губат својата моќ, додека нејзините нови локации стануваат сѐ помоќни. 134 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но приказните ја губат својата уверливост, кога реалниот свет ги остава широко распространетите визии далеку зад себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа што е достапно секому, нештото ја губи својата вредност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова интервју главно нема врска со ВР, но има со технологијата, чиј спој со уметноста токму е интригантен. ñНекаде долж линијата, се чини дека уметноста ја губи својата назначеност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ѕвездите полека го губат својот сјај, на стреите има помалку снег од вчера.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден цел жив свет на големото Езеро и околу него, го губеше својот голем познавач, пријател и спасител.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На исток ѕвездата Деница беше отскочила високо. Ралиците го губеа својот сјај, а Квачката одвај гледаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тука е нивната грешка во сфаќањето на картузијанскиот субјект како ултимативно антропоцентричка идеја, додека всушност со растеж на картузијанизмот и со него поврзаната коперниканска револуција, субјектот ја губи својата вкоренетост во природата како и своето средишно место во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
МАЛИОТ: Игнорира, а?! При ударот, Кртот ги губи своите очила.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
ГЛАСОТ: Ние сме од организацијата за вампирски права и азштита.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во оваа, скриената градина нема посетители, дури и најприсутните, дивите цвеќиња и тревата се исполнети со невини духови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Розите ги губат своите бледникави ливчиња, но веднаш до нив, нивните сосетки горделиво, во следниот час, распупуваат нови цветови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кон крајот на 70-тите, и почетокот на 80-тите, во Русија се провлекуваат информации кои се однесуваат на творештвото на Бојс, низ железната завеса, која во тоа време почнуваше да ја губи својата непропустливост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без разлика дали се работи за фашизам или за комунизам, токму за тоталитаризам станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На овој начин Белјаев и Преображенски одбраа да ја илустрираат темата “Бојс и актуелната уметничка ситуација во Русија”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рационалниот консензус постигнат преку отворена и слободна дебата е заменет со фабрикуваното мислење Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 140. 98 Ibid., p. 176. 88 од анкетите и експертите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, „јавноста ја губи својата критичка функција за сметка на инсценираната претстава; дури и аргументите се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спротивставување, туку само преку идентификација со нив“.99 Во модерната верзија на „репрезентативната јавност“ од ерата на феудализмот, кога јавноста повеќе беше „статусна одлика“, „не за, туку ’пред’ народот“100 (каде кралот се претставува себеси пред публика, како единствената јавна личност, додека сите други се само набљудувачи), во капитализмот на социјалната држава политичарите и организациите се претставуваат себеси пред гласачите (како набљудувачи).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Секогаш посакувам да го видам просторот повторно, бидејќи тој ја губи својата природа со предметот во себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)