дава (гл.) - отпор (имн.)

Вака барем ќе верувам дека таа едноставно умре!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Давав отпор, плачев, ги удирав и ги гребев страшилата пред мене, додека лицето не ми се облеа со крв, додека не ми се затворија очите од отоци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Мамо, и јас ќе појдам со вас, барем со училишниот двор“, замоли Влатко, ама одговор не можеше да добие, затоа што Мими беше многу возбудена и во мигот даваше отпор - нејќеше да ги обуе белите чорапчиња, лутејќи се дека е топло, дури жешко и може да се оди со боси стапала во сандали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Даваше отпор, и потклекна. Ми веруваше. А јас ја изневерив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)