Дојди, седни и дај го тоа клопче што го имаш втиснато во пазувите, заедно да го одмотаме; не го криј - дај ми го.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дај, ајде, дај го клопчето да пуштиме конец... Можеби утре по конецот ќе се вратиме во нашата дома?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога видел сѐ што му се носи, тој Чук Нам се насмевнал со очите коси: - Сето јадење дајте го на гладните од Виетнам.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Дајте го гризачот ваму! Да му судиме сите!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
- А бе, дај го ваму – се граби Апчо за микрофонот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Дај го ваму писмото, јас ке го однесам, ти оди си при Ленка.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Ајде сега, ставај нешто за мезе и дај го бокалчето со ракија, пет дена не сум ја помирисал. Дај да го исплакнам грлото.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
СОФРЕ: Дај го столето за вујка ти.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ПАНДЕ: Море дај го ваму (го остава куферот, го зема јорганот на рамо и пак го зема куферот и излегувајќи) санќим ќе го носам преку Гавато!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Кате, дај го ваму леѓенот и ѓумот, потури му на Пандета да си ги измие рацете.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Сум слушнал за тебе дека си голем мајтапчија.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Така де, така те сакам, кум Доцко!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Ама зошто, може да ме извалка... (Сиот се тресе од гнасење. Го држи детето и ја врти главата наназад.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПЕТРИЈА: Да си ми жив, куме, да ни крштаваш, да ни венчаваш! Да ти е жива кума Праскарева и кум Томче! Господ снаа да ти даде! (Пие, на Арсо.) Повели!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мене ми дал бог, а ти немаш. (Пишува на колено.) Оди кај мене и дај го ова пусулче, па ќе ти дадат газие и сол.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Тогаш ќе пијам да се опијам! Дајте го тоа шише! (Пие.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Дај го, баба Цонке, кумашинчето да го видиме. (Го зема.) Машала, машала, угоено е да не е урок, прасенце! (Ѝ го враќа и ѝ дава знак да му го даде на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СИТЕ: дај го шишето да не се играме вака: пиј, Апостоле! (На Теодос.) Побргу нека се свршат редовите.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Гледаше нешто пред себе. - Имаш ли ноже? - му рече на Денко. - Што ќе ти го? - Дај го, ќе видиш!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
— Дај го рефератот, ми вели еден офицер, и дојди со мене!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ова е арно- дај го ваму!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Дај го писмото, ми вели Јон. Не го заборавил.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)