даде (гл.) - име (имн.)

Ја однесоа во Злетово на крштевка: Во црква Пресвета Богородица па свештеникот Богољуб на девојчето ѝ го даде името Радојка од кумот Ѓорѓи.. Тоа дете сум ЈАС!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Му дадоа име Станко, да застане.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Брат ми, иден партиец, на идејата да му дадеме име на козлето, спомнуваше блиски личности од поновата историја, но тие, речиси сите, беа во машки род, па не идеа предвид.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако нашата Сталинка беше кревка и немоќна кога ѝ го дадовме името, тогаш снажниот прч на Чанга сигурно го заслужува ова име.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, Леон и Хана на ќерка си ѝ дадоа име вообичаено за Полјачките, почитувајќи ја средината во која живееа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие се не-еуклидовски структурирани, и на таа нова геометрија ѝ дадов име фрактална геометрија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На старицата не ѝ пречи. Ни возовите. Ни децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Децата не пропуштаат ниеден од нив, а да не му дадат име. Вреват. Ако. Нека вреват.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа беше првиот внук на брат ми, и му го дадоа името Ернст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој ден одев во бараката за трудници и тукушто породени мајки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се смири, ме замоли јас да го дадам името. „Амалија,“ реков. „Амалија,“ повтори Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една вечер неколку дена потоа, Зигмунд ми јави дека Херман, синот на сестра ни Роза, загинал со стотина други војници, кога во нивниот ров биле фрлени и експлодирале неколку гранати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе ми дозволите ли јас да Ви дадам име? Орце.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На едниот од орлите му дале име на некој крал од Маџарско, со кој тогаш војуваа, а другиот го крстиле Дамче и пред насобраните селани, пред своите татковци, помали браќа и синови биеја шега со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го викаат Алилски Вир, или, кусо, Алилово. Некој ќе помисли на вирот му го дале името на реката, но не е така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За претседател на колективот го поставија Најда Акиноски а на предлог на учителката, Зорка Маѓероска, битолчанка, на колективот му го дадоа името на администраторот - БЛАЖЕ АЛЕКСОСКИ - ПЕНАТА.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мора за сето време да знае дека таа е тука, но не смее, сѐ додека не стане потребно, никогаш да ја пушти да му се појави во свеста во која било форма на која би можело да ѝ се даде име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште кога ја запозна, му кажа дека се вика Марија Магдалена; родителите кога се родила ѝ го дале името на светицата, за да биде скромна и повлечена во животот како неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Цели сурии потпишувале петиции за преименување на Црвениот плоштад Никој да не знае дека баш црвените не му го дале името на Црвениот плоштад
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со мака се пробиваа и жените со новородените деца за да ги крстат во црквата и за да им го дадат името на светецот - Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега верувате дека другарите со право му го дадоа името Цивко.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И затоа им дадоа име „Логорот на дебелите“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се обидувам да и дадам име, бои, мириси, ноти, за да ја слушнат насмеаните и натажените, расплаканите, скршените од тага срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најпосле тука се и децата: едно од нив, во еден момент и дава име на едната од козите, но неговото име нема да и го дознаеме, ниту имињата на другите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаа три деца, две девојчиња и едно момче на кое што му го дадоа името Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но, Далтон одбива да му даде име.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се противи на полот, зборува за бебето со тоа, не тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само тоа, суштество кое прави врева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега треба да му се даде име на детето, да се запише во книгите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)