— Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, — си ја даде наредбата кога излезе од селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А бре, што, Митре... Да чиниме абер ноќеска во Маково, та што сака нека праве Толе најпосле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Генералот никогаш не дал наредба и никогаш не рекол напред, славата негова ги допираше небесата, го затемнуваше просторот кои другите сакаа да го освојат.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Квечерината предводникот даде наредба да се потера товарениот добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Немаше потреба да се даваат наредби. Тие ги знаеја неговите навики.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Единствено што можевме да направиме беше штом падне мракот да дадеме наредба за повлекување, туку и таа не стигна до сите бригади.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш во дворот влезе човек со голема, веќе подбелена брада, опашан со колани и почна да им дава наредби на комитите на наш јазик.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Најпрвин во првиот окоп бил Киро со својата кртешница, која непрестајно беше вклучена, а тој сè помалку имал муниција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бездруго имаше два часа откако заминав и слушав како Киро дава наредби: Другари, во мојот правец одете, имам толку муниција колку да стигнете до бригадата, па тие да отворат оган за да можам јас да отстапам и да се спасам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Одамна се даде наредба селаните да чуваат стража.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)