даде (гл.) - оружје (имн.)

На 7 април 1944 година капетанот Патрик Еванс, член на британската воена мисија на територијата на Македонија под Грција добил писмо од членот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Киро Георгиевски-Дејан во кое, од британската воена мисија се барало да обезбеди „оружје, муниција, облека, експлозив и златници“ бидејќи во „последната недела имал 100 регрути“ кои морал да ги врати поради тоа што не можел да им даде оружје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нас нѐ интересира дали Албанија и Југославија ви даваат оружје, храна, облека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Против таквите водеше борба власта, и кога виде дека е немоќна, ги организира таканаречените „фарии", авџитабури од самото месно население, им даде оружје и на самите каури да се бранат од арамиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој никогаш не би го дал оружјето, ни за хероин, па и кога тука би можеле да најдат такво нешто.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)