даде (гл.) - пари (имн.)

Да потсетам, културата не е ослободена од данок, а на приватниот сектор не му оди во прилог да ги дава парите без интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А не на секое видување, за добро утро и добра вечер да му биде „Дај пари, дај пари“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има илјадници места на кои можат да се дадат парите, да фатат или да не фатат место, а сепак човек одбира да ги даде на посебно место и на посебен начин.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Главно било, ти, преку власта, бидејќи се видело дека ти си во врска со власта, се видело и по тоа што ти дале пари за изградба на водоводот, а богами, велат, сигурно му дале и за бунарот, ти, значи, требало да ги натераш маказарчани, со власта заедно, да ја продадат земјата и куќите, а потоа, се знае - процент“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стремејќи се кон достигнување на лажната сигурност која ја даваат парите и имотот, човек секогаш заборава на суштинската грижа што мора да ѝ ја посвети на својата бесмртна душа, та почнува да се грижи за заработката, за покривот, за козите...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Знам дека утредента, кога на војводата требаше да му ги дадеме парите, ние ни половина ги немавме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сенарот, еден ден ѝ се исповедал на својата жена и рекол дека од инает не сака да му ги даде парите на јагленарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Балабанов послушно бркнал во џебот и му ги дал парите што му биле неопходни за преживување во туѓина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На прашањето на раскажувачот на расказот: „А што направивте вие?,“ Павлов му одговара: „Му дадов пари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие се околу 15-16 души неразбрани луѓе; од секогаш нашите браќа во Солун беа заплашувани: ’Ако не ни дадете пари, или ако фатат некого од нас, ние веднаш ќе го потпалиме динамитот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе висне над тебе Џемал-ага: „Дај пари, инаку пропаѓаш за права бога!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дајте пари и ќе ви купиме од градот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Зошто не ни дадоа пари на нас да направиме еден „Полноќен каубој“, мислев, би го направиле навистина „вистинито“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И дома како мајка моја да ја дочекаш. (ѝ дава пари).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тики: Грета, ќе ти ги дадам парите што ти ги должам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеби во минатиот живот сме биле љубовници!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во дуќанчето отспротива има јајца колку сакаш. Дајте пари за шест чифта. Тврдо варени, разбра? И немој да ти тупнат некој сматок!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му дале парите, шчо му таксале и тој си тргнал п'тот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во царските сараи чуле и го викнале да ја леквит цареата скрастаена ќерка. Тој се нафатил да ја излеквит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утре пак дрва ќе ти набереме - му рече Горјан и му даде пари за цигари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Му дадов пари да запали свеќа и за наше здравје“, го потсетувам одоколу.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи мајка ѝ запре да и дава пари, цигари позајмуваше од Ирина, а кога немаше и таа, тогаш собираше догорчиња по тротоарите, го вадеше тутунот од нив и виткаше цигари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Што кажувал, - рече Пеце, - дека некој не му дал пари!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)