Во црвено вино и носталгичните стари песни, барам утеха и во празните зборови кои никогаш нема да му дадат смисла на моето реално постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А животот е постоење за некого, некого кого ќе го створиме, извајаме, ќе му дадеме живот, парче душа и топла и сигурна рака која ќе го води низ тунелите на истиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Неговиот мотив е дека доколку ние мислиме дека јазичните игри секогаш би требало да бидат ограничени од правилата, тоа би значело дека повторно би ја прифатиле идејата на Tractatus-от за фиксирани правила кои лежат во основата на јазикот, или поопшто земено, на еден поим за смислата на изразите кој е објективно детерминиран, независно од употребата која им ја наметнуваат говорниците на јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според Rychlack (1991, стр. 28-29), „Kant предикатно докажува дека идеите се концептуализирачки или „конструктивни” процеси кои даваат смисла на неструктурираниот сетилен шум кој се добива од искуството”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Мојата повест, која требаше да ѝ даде смисла на одлуката за мојата осама во Маказар, никако не напредуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас овде би се задржал на театарџиите, па би им порачал: Ако сакаат да му дадат смисла на театарот, не само форма, треба во него да се однесуваат како да се дома.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во конфликтот меѓу единката и институцијата, единката мора да се подреди, да се одрекне од својата лична самостојност и да го пронајде своето место во општествениот организам, кому му припаѓа и кој ја дава смислата на нејзиното постоење - најголемата вредност е онаа, кон која чувствуваме припадност (belonging).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На барикадите, всушност, е роден модерниот човек и од барикадите се прокламирани сите оние вредности коишто и денес на неговиот живот му даваат смисла и достоинство.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Скарата ја гуши но ѝ дава смисла.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)