Битолските газди откажаа да ги дадат ќерките - не затоа што беше лошо момчето, а затоа што тие сметаа дека ќе се понижат ако се сродат со луѓе кои уште мирисаат на селска пот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Рожденката не ја дава ќерка си без пари, Крчо нејќе со пари, и така ќе си се врати на Анѓа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама да му говори со таква сигурност за Попставревци, кои беа прочуени со своето богатство и име не само во Ресен, туку и во Битола и Солун, да му говори со сигурност дека тие ќе му ја дадат ќерката за жена, тоа никако не му влегуваше в глава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Тој Аџи-Трифун е пријател на самарџијата Димо, а овој му ја има дадено ќерката на ибн Пајко ефендија!“ се вдаде некој од агите, за да го пресече валијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Аврам и Депа ѝ рекоа: „Господ не ни даде ќерка, ти си ни ќерка... Остани да живееш кај нас... Толе, кога-тогаш, ќе се врати...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)