Неспособноста да се објасни начинот на кој ќе се ограничи потрошувачката, посебно загрижува поради фактот дека поголемата потрошувачка речиси сигурно би го влошила општественото раслојување што го следи проблемот на наркоманијата и би довела до нејзина концентрација меѓу сиромашните или оние што се на самиот раб од сиромаштвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сукаловите 'ржи во Кула се прикажани, та затоа тие секоја година врзуваат најголеми снопови, и затоа даваат најмалку спаилак. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токму во овие загрозени слоеви противмерките како што се образованието и лекување на наркоманите даваат најмалку резултати, а општествените мерки и можностите за позитивни промени се најслаби.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Политиката е чиста математика – плус и минус, множено и делено, ти давам – ми даваш, ти барам – ми бараш, на крајот победува оној што знае што сака, па бара најмногу, а дава најмалку, особено ако е посилен од другиот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Актерот е оној елемент од интерпретацијата кој крие најмногу загатки и дава најмалку гаранции“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)