Овие структури ги кријат, но браќата Чепмен во своите инсталации ги изнесуваат на виделина, така што тие стануваат вознемирувачки дури како иконичен знак.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кадијата така им нареди – да им даваат патем трипати на ден по малку леб и вода за да можат да ги одведат до Истанбул. – Ако некој се заинаети и нејќи да оди, ќе му го тргате јатаганот и главата ќе му ја однесете на падишахот – им рече на сејмените во дворот на затворот, пред осудените гласно, така што тие добро го слушнаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)