даде (гл.) - толку (прил.)

На женските не им се дава толку толку внимание.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро прашање; и би сакал да можам да дадам толку конечен одговор каков што може да се даде во однос на другите предмети каде што технологијата е појасно определена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Санким некој ќе веруват тебе, ама јас сакам да не станит муабет никаде оти се дале пари, оти ако разберат кајмакамот и валијата што ќе речат: „Ааа, значит фаќал самарот овие пезевенци, та што дале толку пари! Значит тие криви по овој работа“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зедовме парите — дадовме на бимбашијата да пратит на мајка му на отепаниот аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако не ѝ дава толку пари нормално дека нема да оди у шопинг мудро - ѝ одговори Матновидецот на загрижената свекрва.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најпосле, оваа пациентка дава толку јасен и продлабочен опис на својата состојба со „секојдневен” јазик, како малкумина други што ги знам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само на мајките им е дадено толку сила и љубов, вели, само за нив господ има разбирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помага да се објасни постојаната привлечност на утопизмот, како во квир-теоријата така и во лезбејското и во геј-движењето во целина.256 Но, тоа укажува и зошто традиционалната машка геј-култура – која се справува со светот онаков каков што е, со начинот на кој сме живееле и на кој сѐ уште живееме и која не се стреми толку да го смени светот колку што се стреми да им одолее на неговите недела (дури и по цена да излезе реакционерна, а не прогресивна) – им дава толку важно емоционално и политичко средство не само на геј-мажите туку и на многу други инакви видови на општествено дисквалификувани луѓе, барем на оние чие чувство за непоправливата погрешност ги прави готови за неа да ја платат таа болно превисока цена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблестен стремеж е тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)