Со неа мислењето го делеше и Лима, која посебно се изначуди од каде па јас во врска со Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сфати: богословот се обидуваше да го прегази јазот што ги делеше и што ги оставаше на два блиски но неспоиви брега.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
МИТРЕ: Та тоа, ми се чини оти го делам и уште еднаш не ќе го видам.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Уште си стои заделен и гледа некаде надолу, ко над некоја бездна пред себеси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си делат и од ручекот и од вечерата, што се вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како што се делеше храната од меѓународната помош, со специјални купони, точкици, така се делеше и порцијата страв што ја добиваа луѓето со порцијата млеко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како што се делеше бедата во разни порции, главно исти за мнозинското население, така се делеше и стравот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога ги сонувам
од морето протерани
без замена за изгубеното
избезумени од промената
и предвреме пресувани фосили
кога го читам внимателно
нивниот ритмичен скелет
тој совршен сонет за патиштата
сами од себе што се делат
и нѐ делат
кога се обидуваат да ми објаснат
што му претходело на сонот
се загледуваат долго во себеси
таму кајшто сѐ е јасно
од шкргите им потекува крв
основната боја на Земјата
да не ја издадат тајната на молчењето
да изгубат волја да се вратат
во својата природна состојба
да ја изменат претставата
за светот но и за себе
затоа што сѐ природно е некогашно
во мене прагот на чувствителноста отстапува
под скерлетниот пламен
на она кое требало да се изговори
а согорело под папокот
афазијата на говорот станува сеопфатна
а мртвата тишина, или со други зборови
смртта, на дофат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во миговите кога ја минував линијата на границата, меѓу двете држави, но кои делеа и ист народ, имав чувство дека, дефинитивно, останувам посиромашен за најголемата илузија со која Татко а, подоцна, и Мајка, живееја до нивното заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)