Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Деструктивните резултати на перформансите, сликите и скулптурите на Yoko Ono од доцните педесетти навака, како и Feu a volonte, конструкцијата на Nikki de Saint Phale од 1961 г., наполнета со вреќи со пигменти што експлодираат застрелани со пушка, демонстрираат дека жените сепак не се исклучени од уништувањето на уметничкиот материјал, вклучувајќи ги тука и површините на нивните сопствени тела, како во перформансите на самоосакатување на Gina Pane.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)