Станува збор за книгите, вклучувајќи ги и споменатите Фрагменти од љубовниот дискурс, кои укажуваат на индикативното скршнување на опусот на почитуваниот автор кој со секоја од нив како с повеќе да се оддалечува од својата професорска, академска авторска фаза (што ја детерминираат неговите капитални истражувања на семиологијата), за постапно да се префрлува накај чистото задоволство во текстот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, кога го читаме Чехов, забележуваме дека во сите ситуации во кои неговите драмски или прозни ликови комуницираат суштествено и вистински, изменувајќи ги автентичните чувства (а не само зборовите со кои тие чувства наводно се искажуваат или се опишуваат), не зборуваат за некои големи и важни нешта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Еден од најважните (вистински најважни, не само најкомерцијализирани, најексплоатирани, дури и најтривијализирани) несомнено е феноменот на љубовта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)