За ова Мекдоналд во својот извештај до Force 399 ќе истакне “дека капетанот Диксон во почетокот на мај дигнал во воздух два моста, секој 25 метри долг на линијата Кичево-Струга.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Шумот од организационото движење отпрвин се дигна во самата Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А во ноќта, пијан и зол, удираше по вратите на станарите од Нојовиот ковчег, се кикотеше и липаше, беше страв и ревење за судбината на некаков коњ (Слушате ли, бројки: тој коњ сум јас!) за некаков кловн што умирал секој ден (И тој кловн сум јас!), за Јана (Мајко божја, зол е твојот син Исус!), за се, за се, и се колнеше дека никому не му донел добро - се до својот кошмарен и немирен сон простувајќи се од својата будност со закана дека ќе го дигне во воздух Нојовиот ковчег.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој е во состојба да го дигне во воздух Спрингфилд, само за да го задржи семејството заедно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На цртаните филмови се гледа како на медиј за деца; луѓето се навистина вчудоневидени кога ќе откријат дека не ги притискаме истите копчиња, што повеќето цртани го прават со цел да предизвикаат одреден ефект.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Со цел да го зголемат револтот против атентаторите, властите прошириле вест според која, наводно, гемиџиите планирале да го дигнат во воздух целиот европски кварт, но, за среќа, тоа не се случило, бидејќи не експлодирал целиот динамит ставен во тунелот180.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сите не можеле наеднаш да бидат убиени, а оној што би останал, би бил доволен барем Банката да ја дигне во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Милан Арсов изјавил дека Поцев добил задача да го дигне во воздух паробродот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиот брод; да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија, од што се осветлувал градот и да се дигне во воздух Банката; да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Откако се уверила дека не ќе може да го убие султанот, Мерџановата група решила да ја дигне во воздух зградата на Отоманската банка која што се наоѓала на главната улица што одела од Галата кон Пера.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кипров, по наредба и со материјална и друга помош на Борис Сарафов, формирал специјална чета со задача во Одринско да го дигне во воздух експресниот воз.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој е стар, ама сѐ уште е силен и може дамче дигне во воздух...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)