Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Затоа јас мислев свадбата да биде побрзо, но стариот остана на своето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој. И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)