Мене ми се кине нешто во градите. Нешто неискажливо, неименливо ми длаби и ми се кине. Ама, ај умри на бесчас, кога не ти е дојдено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)