Стегната од болката, чувствува дека доаѓа крајот на битисувањето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се наведна и полека, чекор по чекор ги собира искршените класја во басјасаното стрниште.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сестра ми се будеше секоја ноќ и секогаш со исти зборови ја започнуваше истата приказна: „Ова е крајот на Европа.“ „На Европа многупати ѝ доаѓал крајот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога се подисправив, со двете дланки ја фатив за задникот одоздола и почнав да се стегам во неа без да сфатам дека доаѓа крајот на моето еротско патување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мамурлив, сега скоро секор утро, мислеше дека навистина му доаѓа крајот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)