- Не познавам никого кој би можел да ми објасни по кои патишта доаѓа ноќта - забележа тој кога се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа повеќе не се ни обиде да стане. Мислеше: доаѓа ноќта, да побрзаме.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Доаѓаше ноќта, а таа како да заминува засекогаш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Поминуваат деновите, доаѓаат ноќите, тонат во инфинитет, пуштам тивка музика, легнувам на стариот кревет ги затворам очите и заспивам со истата ноншалантна рамнодушност со која се разбудив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)