Посластицата доаѓаше другото сабајле кога на работа секој ќе го обзнанеше својот став за политичкото ст(р)ање у Македонија и економската пропаст на светот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога едното е изедено на ред доаѓа другото.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оние што доаѓаа да посакаат спокој за неговата душа не беа ни излезени кога почнаа да доаѓаат другите за да честитаат за внучката.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ми паѓа на памет дека ако има живот после смртта, мора да има и следна смрт после која доаѓа друг живот и можеби така до бескрај.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)