доаѓа (гл.) - мој (прид.)

Меѓутоа, во мене стои еден ветровит ден на одминување, односно го гледам задниот дел од дворот на Економското училиште во кој сѐ уште е присутна силната светлина на денот, само што сонцето е од другата страна на зградата, сигурно педа две врз врвот на Водно, и од долната страна на кај бараката доаѓаат моите две сестри Лена и Јана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Наутро доаѓаат мои луѓе од Грција. (Пауза.) МИХАЈЛО: Господине Панајотис, знаете да летате. (Пауза.) ПАНАЈОТИС: (Излегува. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас сум во игра со децата од улицата кога доаѓа мојата сестричка и на сет глас, сите да разберат, ми ја пренесува наредбата на татко.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наскоро доаѓа мојата дама.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И што поскоро си одам настрана, инаку, си мислам, ќе ме соберат во милиција, а јас дама очекувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)