доаѓа (гл.) - доцна (прил.)

Зборот "класичен" во нашиот речник доаѓа доцна; во стариот Рим тој отпрво бил израз од пореското право. Classicus спаѓал во највисоката пореска категорија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се учиме, но уката речиси секогаш, како што гледаме, доаѓа доцна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мајка му ми кажа дека доаѓа доцна навечер, но и дека другиот ден има концерт во прекрасната катедрала и дека сум имала среќа да бидам во Парис баш кога тој има концерт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)