Шумовите и звуците што ги правеја веќе заспаните војници до нивните уши доаѓаа како стенкање на земјата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)