доаѓа (гл.) - ноќе (прил.)

Тие секогаш доаѓаа ноќе да апсат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КРТОТ: Никола Трајков – Кртот, кога умре, се свапири и доаѓаше ноќе да праит триста пакоси.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но во селото се ширеа разни вести: тè го виделе облечен во женски алишта, преправен во жена, зборувал како жена, и се однесувал како жена; скитал по селата и питал леб да се прехрани; тè го виделе подивен: облечен во кожа од мечка или волк и урликал, напаѓал на сè; тè го виделе каде што доаѓа ноќе дома му, преспивал, земал храна и рано во зорите пак бегал во планината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа го прави затоа што таа му доаѓа ноќе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Да. И овде доаѓа ноќе.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Злото, обично, доаѓа ноќе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доаѓал ноќе и ги кршел чиниите или ги тркалал тепсиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трговецот Арон имал сѐ во куќата, од шарени ламби до позлатени лажици. И уште повеќе од тоа: всемог стопан вампир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)